Подгответе се за втората сезона од Првата Македонска Еспорт Лига

Македонската Еспорт Федрација со гордост ја најавува втората сезона од Првата Македонска Еспорт Лига.
Оваа година, ќе има натпревари во 2 дисциплини – League of Legends и Counter Strike: GO.
Натпреварите ќе започнат на 29.04.2017 година. Сите учесници во лигата ќе бидат поделени во групи, а најдобрите два тима од секоја група ќе учестуваат на финалниот квалификациски турнир за учество на светското првенство во Еспорт. Максималниот број на екипи е ограничен на 16 заради форматот и квалитетот на лигата. За сите тимови кои учествуаат, по завршетокот на лигата ќе има награди (парични награди, ваучери од спонзори, тренинзи и обука).

Формат на лигата:
Секоја екипа ќе игра со сите противници од групата по 2 натпревари, по претходно утврден распоред.
Првите два тима ќе се пласираат за завршниот ЛАН турнир кој ќе се одигра во Септември. На тој турнир, сите награди ќе
бидат парични, а шампионот ќе ја претставува Македонија на светско првенство, во организација на WCA (World Cyber Arena) и IeSF (International Esport Federaion). Првата фаза на лигата ќе почне од 29 април и ќе трае се до 4 мај 2017 година

14542409_565540223629328_7043036810138682878_o

Правила за учество:
Сите пријавени за екипните дисциплини треба да имаат најмалку 16 години.Тимовите после пријавувањето треба да
потпишат договор со МЕСФ за учество во лигата, со што ќе се дефинираат обврските на двете страни за време на натпреварите.

Партиципацијата за учество е 500 денари од учесник односно 2.500 денари од екипа. Доклку некој тим сака да пријaви и резервни играчи за истите се доплаќа по 300 денари од играч. Правилно и целосно пополнета пријава за учество, достапна на следниоте линкови.

Пријава за League of Legends:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSexPczYIICsaSlnCx5sfWVRgOyagDpQIVpfXL-rWbx4K5Kt-Q/viewform

Пријава за CSGO:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdWuC49LYwLncDJW4tSWYoYYJ3fiGbdOoyqUdu9QRGWynGCqg/viewform

Потврда за уплатени средства на жиро сметката на МЕСФ ‎‎290000001094017 во ТТК банка, со назнака за Прва Еспорт Лига-сезона 2.
Копија од уплатницата треба да се испрати на contact@mesf.mk

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО