Промо бустање: Палиндром – Концертна промоција на „Desert Y“ во МКЦ

ПАЛИНДРОМ во среда (5.04) одржаа концертна промоција на деби албумот „DESERT Y“, во МКЦ.
Првото LP издание на Палиндром е снимено во периодот помеѓу август 2015 и февруари 2017, во студиото BPM Sound, со тонскиот снимател Младен Павлески. Продуценти беа Палиндром и Дени Омерагиќ. Дизајнот го изработи Omowsky (Марко Крстевски).
На албумот се поместени шест композиции, кои го отсликуваат широкиот спектар на влијанија присутни во музиката на Палиндром, како пост-панк, пост-рок, noise, експериментална музика и слободна импровизација. Aлбумот „Desert Y“ е издаден во соработка со Deny Records/Booking и е достапен во ЦД формат, како и на платформата Bandcamp, од 3ти април 2017.

А еве и дел од атмосферата:

 

 

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО