РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА – ВО ВЕЛЕС НА 3-ТИ ДЕКЕМВРИ !

Rap Skillz бетл лигата која го зафати целиот Балкан, започна и во Македонија. По првиот настан во месец октомври во Скопје, следен град на мапата каде што ќе се одржува овој настан е Велес !

Rap Skillz организира настани каде пријавените имаат можност да се натпреваруваат меѓу себе преку форматот на претходно напишани акапела текстови. Натпреварувањето се базира врз три рудни во кои противниците ќе ги покажат своите вештини, па според тоа судиите ќе го одлучат победникот. Овој формат на натпреварување за прв пат се појавува во Македонија и ќе се одвива низ повеќе градови од државата.

На 3ти декември (сабота) со почеток од 13:00 часот во Велес на локација – Парк до Пабот (поранешен офицерски / ресторан Снупи) овој пат ќе се натпреваруваат 12 бетл рапери или 6 пара. Тие се следниве:

Лаз Веѓас (Рап Позитив) vs. Ноце
ТриМ (Пулс Екипа) vs. Lux Kmala (Рап Позитив / Inklingz)
Хајпер vs. Морт
Nickoloff 90 (90 Армија) vs. B.O.
Кољо (DrunkFlow) vs. Спит (Конфликт)
Џелат vs. Џандар

Судии на настанот низ шесте битки ќе бидат: ДЈ Гоце (САФ), Кискин, Киндер и Сhronic (Дивизија), Пикси од Авторизација, и ДЈ Попај (Авторизација/Дивизија).

Организатори на настанот се: Јордан Иванов (Спит) и Марин МанчевскиПомошник организатор: Бошко Ивкович – ДЈ Попај. Водител: Небојша Милосављевиќ (Небо) и слики: Тодор Николов (Тоти-Е).

ПС: Тој викенд, т.е. саботата – денот на настанот, патувањето со воз за лица под 27 години е повторно бесплатно, така да организаторите ве очекуваат во Велес од сите страни на Македонија доколку сте во можност да дојдете и да го проследите овој настан. 

Доколку некој е заинтересиран за пријавување на натпреварите што следат понатаму може тоа да го направи со контактирање на организаторите преку нивниот официјален фб пејџ – https://www.facebook.com/rapskillzmakedonija/

Во меѓувреме, доколку сте ги испуштиле претходните 3 епизоди од првиот настан, може да ги погледнете на yotube страната на Бла Бла телевизија.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО