Себастијан Бах ќе се врати во Skid Row?

Веќе долго време се шпекулира дека поранешниот фронтмен на Skid Row, Себастијан Бах, наскоро може да му се приклучи на бендот, 20 години откако замина. Бах, кој има успешна соло кариера, вели дека неговиот менаџер и менаџер на бендот во моментов преговараат.

Бах во ’96 влезе во конфликт со бендот, бидејќи се согласи Skid Row да биде предгрупа на Kiss, додека остатокот од бендот сметаше дека Skid Row е премногу голем бенд за да биде предгрупа.

Последниот студиски албум на групата е всушност недовршената трилогија чиј прв албум United World Rebellion:Chapter One, кој излезе во 2013 година.

Ни останува да го следиме развојот на настаните со кило семки и пиво. Зошто Бах сака да се врати во Skid Row? Па, со оглед дека сите стари бендови или се распаѓаат или повторно се оформуваат за нешто плус кеш, слава, зошто да го осудуваме Себастијан. Можеби љубовта кон музиката и фановите е посилна од се….или пак не?

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО