“СЛОЖУВАЛКА” во кино Милениум

“СЛОЖУВАЛКА” во кино Милениум – Второ прикажување на хип хоп документарецот, колажниот омнибус со македонските рапери

Првото прикажување на “СЛОЖУВАЛКА” беше на 16.11.2015-та во преполното кино Фросина

Драги пријатели, на ваше барање ви закажуваме нова средба со “Сложувалка”, овој пат во кино Милениум. Датумот е 16 јануари (сабота), а почетокот на проекцијата на хип хоп документарецот е во 20 часот.
Исто така, ги известуваме оние кои сакаат да донесат гости од странство дека филмот ќе биде прикачан со превод на англиски јазик. Ве покануваме да се собереме повторно во голем број и да оддадеме почит на македонскиот хип хоп.
Bо филмот, има неколку прашања и теми за кои разговаравме, а на кои најдобар одговор може да дадат луѓе кои се дел од самата хип хоп култура во Македонија. Ги има повеќе – Ицко и ВиЏи (Чиста Околина), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), ДЈ Гоце (САФ), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Против Сите, Хром (графити), Тигаз (ДНС), Тони Зен, Green Out, Пука Козметика, Брус, Слаткаристика, Џоџо (Стрес), Жиле и Вали, Огнен (битбокс), Зад Аголот, Титаниум, Токсиколози, Авторизација, Дивизија.
“Сложувалка” не е класичен хип хоп документарец. Тоа е 38-минутен колаж од ставови, искуства и идеи на личности од македонскиот хип хоп. Во него не се документира историјата на оваа култура, туку се поставуваат прашања и се отвара дискусија за нејзината сегашност, притоа споредувајќи ја со сложувалките кај кои пристигнувањето до целосната слика е процес кој бара трпеливост, интелигенција и креативност.
Сите кои се заинтересирани за ДВД примерок од филмот можат да го купат на самиот влез од киното, по цена од 200 денари.

Влезот е бесплатен.

Со авторите на филмот “Сложувалка”  направивме Вју, а подоле можете и да погледнете како помина самата премиера.

 

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО