Тореадорите од Битола со нова песна

Тореадорите од Битола после неколку месеци ја прикачија нивната нова песна со име “Tormenta” (После бурата). Оваа битолска рап група со својот униканет стил, ни приложи дел од проектот кој го спремаат подолг период. Се надеваме дека нивниот начин на изведба ќе ги задоволи слушателите и ќе прикаже дел од тоа што точно спремаат за во иднина. Уживајте во звукот.

Капка солза капна на под кога,
а под нога кафка влече, дете остани во форма
не сум роб на рап туку на работ брат
а пот по кожа плива ко последна песна ете била
ветено кинам и за нив пак снимам ти да имаш мотив
од против нив не се кинат конци
гриземе ко волци допирај наше, но молчи
а дете кое греше, лаже не спаѓам во тие води
гледам одиш правец кај те води негде носи
ма ој у пизду матер ќе се сретнеме ли со нив
за мене чаша бовин за тебе литар од исто
за нив буре пивско, бикот не ни е на список
па повторно ко порано но сега ко да е последно
и подобро, но џабе така нема да е полесно
нас надежта не лаже, не ние неа велат
дали надежта умира да прашам нели смеам
епа после смрт нејзина нема да е овде
не се радувам на погреб ама неа чекам да и дојде
е тој ден ќе танцувам ко дете на ветер
со змеј во раце па го летаме на небо јас со тебе
само ние двата за рака и дождот што врне
едно срце од љубов му давам нека прсне
па прв би се радувал дури до врв на Непал
но нека чека, мој сон е појава ретка

Е сега јас велам други поети ги оставам на страна
сега сам се тешам луѓе уморни од ладна рана
од стара лага, престара но вретено се ништи
нишалки празни сама мајка по чедо кое пишти
ова е за луѓе скромни со души памук полни
кон нив никој не враќа тоа што го добил
рекол за нив се од такви пази се ма носи се
џабе дупло руво на нив кога и со нив голи сте
ова е за човек полно срце носи крст дрвен
сиромашен е, а со кило злато повеќе си побожен
за мајка и татко за сестрата и братот
збор два за семејство што ксмет им е затвор
а закон божји спомнав гроб порано се копа
за луѓе прерано кој ги нема не ми вели доста
за војна за борба за мир и за злоба
торба полна пука да престанам сакам одма
за легенди покрај нас кој вечно ќе се памтат
за ова што го правам кое добро сум го кажал
за нас и градот за неа и градов
за рапот и за падот за душите како стакло
за тоа е ова и нови конци кој се кројат
за деца после нас за наше минато да помнат

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО