Ќе се снима филм за љубовта на Џон Ленон и Јоко Оно

Ќе се снима филм за љубовта на Џон Ленон и Јоко Оно, а авторот на сценариото за филмот е Anthony McCarter, автор на сценариото за филмот “The theory of everything”, додека како продуценти на филмот се потпишуваат Јоко Оно и Мајкл Де Лука.

Триесет и шест години по убиството на поранешниот член на Битлси, Џон Ленон, неговата вдовица, Јоко Оно најави снимање на филм за нивниот заеднички живот.

Филмот ќе се фокусира на романтиката и заедничкиот живот на парот во седумдесеттите години, Ленононовото напуштање на Битлси, заедничкиот активизам и храброста да се протестира против војната во Виетнам, нивната музичка соработка и ненадејната смрт на Ленон во 1980 година.

5602359

Креаторите на филмот се надеваат дека истиот ќе успее да ги инспирира младите денес да ја следат сопствената визија и да се залагаат за светот каков што сакаат да биде.

Се уште не се објавени информации за тоа кој ќе го глуми Ленон во филмот, и кога точно ќе започне снимањето.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО