10 Години Conquering Lion

Поминаа 10 години од формирањето на Conquering Lion и со огромна чест ве покануваме заедно да го прославиме овој јубилеј! Во Април 2007 започна нашиот опус и тогаш го започнавме нашето творење. Во изминативе 10 години успеавме да издадеме 4 студиски албуми , неколку видео спотови и преку 250 концерти како на домашната така и на странската сцена. Да се потсетиме на нашите студиски изданија:
“I” – 2009 (PMG Recordings)
“Know Your Wisdom” – 2011 (PMG Recordings)
“Revelation” – 2013 (Password Production/EXIT Label)
“Land Of Confusion” – 2017 (Locksmith Records / USA)
Conquering Lion настапуваше заедно со неколку светски познати реге артисти како Manu Chao (FR) , Gentleman (DE), Ras Zacharri (JA), Donald Minott (JA), Hornsman Coyote (RS), Raphael (ITA)…
Во текот на нашето творештво успеавме да направиме 5 Балкански и 2 Европски турнеи преку кои ја промовиравме нашата музика и пораката за мир, љубов и еднакви права за сите луѓе без разлика на нивната раса, класа, религија или пол. Од нашите позначителни настапи може да ги издвоиме настапите на:
– Taksirat Festival – 2014
– Spirit Of Burgas – 2012/2015
– Riding Higher Festival – 2015
– In Music Festival – 2013
– D Festival – 2013/2016
Оваа 2017-та година го издадовме нашиот најнов албум насловен како “Land Of Confusion” за издавачката куќа Locksmith Records од Њу Јерси, Америка која овозможи нашата музика за прв пат да биде достапна за продажба во преку 200 продавници низ целиот свет како дигитална верзија (digital download) и како физичка верзија (CD Digipack).

Нашиот 10 годишен јубилеј ќе го одбележиме со концеретен настап во Домот на Култура “Иљо Антески – Смок” во Тетово на 7-ми Април 2017 – Петок со почеток во 21:00ч.

Како специјални гости вечерта ќе гостуваат рап составот “Green Out” од Скопје, со кој имавме заедничка соработка насловена како “Faith” која за една година достигна повеќе од 200.000 прегледи.
Ве очекуваме во што поголем број заедно да го прославиме овој јубилеен настап во духот на реге музиката и на позитивните вибрации.
Влезниците ќе бидат во претпродажба по цена од 100 денари до 6-ти Април 2017, а на дента на концертот влезниците ќе бидат по цена од 150 денари. Повеќе информации за продажните места наскоро!

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО