„Amy“ – документарецот за Ејми Вајнхаус

„Amy“ е документарен филм за прерано починатата Ејми Вајнхаус на режисерот Асиф Кападија. Во него, преку слики и видеа од приватните колекции на нејзините најблиски, режисерот ни ја претставува Ејми од поинаков агол.

MV5BMTU4MTcwNTIxOV5BMl5BanBnXkFtZTgwMzcxNTkxNjE@._V1__SX1857_SY903_ Од најраното детство и нејзиниот експлозивен талент, преку исцрпувачкиот притисок од нејзиниот татко за константо работење, се до нејзиниот бивш сопруг кој ја воведол во мрачните лавиринти на конзумирањето на кокаин и хероин. Трансформацијата на палавата еврејка од северен Лондон, во одличен изведувач на соул и блуз.

MV5BMTU1NjQwMzA0Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwNTcxNTkxNjE@._V1__SX1857_SY903_ И цел овој склоп на настани, Кападија во ниеден случај не го става животот на Ејми во улога на жртва. Оваа фрагилна, налик силна молска зависност, е лесно забележлива. Тоа можеме да го слушнеме и во нејзината музика. Кападија многу внимателно ги одбира песните и многу често на самиот екран одат и текстовите од истите за да ја обележи нејзината приказна. Од нејзината изведба на „Happy Birthday“ за роденденот на нејзината другарка и нејзините хитови (Rehab, Love is a losing game) до нејзиниот последен концерт во Белград, еден месец пред да почине, кога излезе пијана и дрогирана.

Последниот дел од филмот, „истрошена“ од дроги, алкохол и анорексија сликата за Ејми е ужасен хорор. Но и покрај тоа, сликата за неа во филмот е трогателна бидејќи тоа се нејзини зборови, нејзина музика, нејзини пораки, нејзини домашни видеа, нејзини пријатели, нејзина фамилија, нејзини измачувачи и нејзината вечна жар.

MV5BMjQxNDUyMTAxOV5BMl5BanBnXkFtZTgwMjcxNTkxNjE@._V1__SX1857_SY903_

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО