Depeche Mode објави нова песна

Depeche Mode го издаде синглот “Where’s The Revolution”, кој е дел од нивниот нов албум “Spirit“, кој излегува на 17 март.
Ова е првата песна на бендот после паузата од четири години. На албумот ќе се пронајдат 12 песни и бонус ЦД, ако одлучите да го купите deluks изданието, кое ќе содржи пет ремикса, наречен “Jungle Spirit Mixes”.
Бендот работеше на албумот за прв пат со продуцентот Џејмс Форд. “Многу сме горди на албумот и не можам да дочекам да го споделам со сите. Со Џејмс Форд, и остатокот од тимот, создадовме албум за кој верувам дека е навистина моќен, како музички така и со неговата порака “, рече Дејв Ган.

Список на песни:
Going Backwards
Where’s The Revolution
The Worst Crime
Scum
You Move
Cover Me
Eternal
Poison Heart
So Much Love
Poorman
No More (This Is The Last Time)
Fail
Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО