Emphasis – метал, пост-рок и инструментални композиции

Emphasis е  мешавина на метал и пост-рок, агресивни звуци споени со мелодични текстури. Овој хрватски бенд премостува суптилни празнини помеѓу жанровите, инспириран од музичари како што се Caspian, Russian Circles, This Will Destroy You, Enslaved or Isis. Бендот е формиран како квартет во Чаковец, Хрватска.

emphasis

Нивниот деби албум излезе во 2007 – Elements of Morrow, кој е комбинација на хеви метал, пост-рок и алтернатива. На нивниот втор албум, Gliding Over All, го утврдуваат својот звук. Најновиот албум на бендот, Black Mother Earth (Geenger Records, 2017), е збирка на бавни, мелодични песни, со монолитни гитарски рифови. Emphasis се пионери на микс од хеви музика и пост-рок со инструментални композиции.

Видеото, кое е комбинација на две песни, се одвива во темна и мрачна шума во Меџимурје. Режија е на Дино Тополњак, според сценарио на Кристина Штебих.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО