Gentleman, Triggerfinger и Eagles of Death Metal на Јелен Демофест

Реге ѕверот Џентлмен, белгискиот рок состав Тригерфингер и американскиот рок бенд Иглс оф Дет Метал ќе бидат гости на ревијалната вечер на Јелен Демофест. Овие ѕвезди се придружуваат на Ху Си, Ајри ФМ, М.О.Р.Т, ТБФ како и минатогодишните победници на Јелен Демофест Хулахоп, Лоу Пик Чарли и Пункарт.
Оваа година фестивалот го стартува и проектот Баз. Се работи за продукциска куќа која ќе се занимава со продуцирање на различни телевизиски формати. Прв проект ќе биде бањалучкиот филм „Месо“. Сценариото е на Никола Пејаковиќ, а режијата на Саша Хадуковиќ.

Фестивалот ќе се отвори со фото-изложбата на Немања Џорџевиќ, фото-уредник на музичкиот портал Балканрок. Оваа година, ќе се одржат и две промоции на албум. „Д Бест оф“, првенчето на Хулахоп и „Не си сам“ на бањалучкиот бенд Аурора. Во склоп на фестивалот, ќе бидат прикажани и три документарни филмови, „Journe to Jah“ каде се појавува Џентлмен, „Изгубљено дугме“ за трагично починатиот бубњар на Бијело Дугме и „Као да је било некад“ за бендот Екатарина Велика. Во посебниот дел од фестивалот, додатно ќе бидат промовирани и две книги. Првата, „Шта би дао да си на мом месту“ е биографијата за Бијело Дугме и „Место у  мечави“ за големиот Милан Младеновиќ, фронтменот на Екатарина Велика.
Од Јелен пиво, и оваа година најавуваат специјално издание на пивото за фестивалот.

 

Demofest press-001

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО