IX Роднокрајни поетски средби

На 20 април 2016 година (среда), во реновираниот простор на познатата „Сцена 112“ (спроти стариот театар), здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира деветтите по ред„Роднокрајни поетски средби“.

Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.

На IX „Роднокрајни поетски средби“ со своја поезија ќе се претстават: Мартин Богатиноски од Скопје, Давор Крстевски и Иле Наумов од Куманово и Стефан Стефанов од Гевгелија,  поети познати на книжевната сцена во Македонија, а освен нив за прв пат ќе имаме можност да ги видиме и Владо’Yo (Конфликт) и Спит (Конфликт) со #OpenMic перформанси.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на 50тина локални автори и 10тина етаблирани поети од Македонија и странство.

Доколку сакате да бидете дел од учесниците чувствувајте се слободно да ги контактирате  на facebook или испратети ни email на: kontextsr@gmail.com. Во текот на следните денови ќе биде објавена листа со поетите учесници на IX „Роднокрајни поетски средби“.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО