М.А.Н. Македонски Алтернативни Награди ПО ВТОР ПАТ!!!

М.А.Н. – МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ ВТОРО ИЗДАНИЕ 2016

man1

Кога минатиот 30-ти мај 2015 за првпат во Македонија се случи М.А.Н. – Македонски Алтернативни Награди, само ја потврди идејата на Бла Бла Телевизија за СИЛАТА НА МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА СЦЕНА и КВАЛИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА МУЗИКА.

LAST EXPEDITION MAN LOSI DECA MAN LUGE MAN 5

Масовноста, позитивната енергија, љубовта и поддршката, но најважно од се ПОЧИТТА се само добра најава за нешто што треба да прерасне во прекрасна ТРАДИЦИЈА М.А.Н.Македонски Алтернативни Награди втора година по ред.

 

Logo-Man11

Повторно и овој Мај, оваа 2016-та ПРОЛЕТ (дата ќе објавиме подоцна), ПО ВТОР ПАТ ќе се оддржат М.А.Н. наградите. Оваа година, покрај НАГРАДАТА ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС И РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА СЦЕНА, која минатата година ја доделивме на 34 ЗАСЛУЖНИ ДЕЈЦИ (истата награда оваа година ситурно ќе биде доделена на повеќе од 15 ЛЕГЕНДИ на македонската сцена), Бла Бла Тв и сите ВИЕ,ценетти истомисленици и соборци за УРБАНА КУЛТУРА  ЌЕ ГИ ДОДЕЛИМЕ СЛЕДНИВЕ НАГРАДИ : 

*  НАЈДОБРА АЛТЕРНАТИВНА ПЕСНА ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

*  НАЈДОБАР АЛТЕРНАТИВЕН СПОТ ЗА ПЕРИОДОТ ПОМЕЃУ МАН

* НАЈДОБАР АЛТЕРНАТИВЕН АЛБУМ ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

* НАЈДОБАР АЛТЕРНАТИВЕН КОНЦЕРТ ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

*АЛТЕРНАТИВНИ МЛАДИ АРТИСТИ И БЕНДОВИ

*АЛТЕРНАТИВЕН  ЕВЕРГРИН

* ВЛИЈАНИЕ

* НАЈДОБАР ГРАФИТИ АРТИСТ

* НАЈДОБАР ТАТУ АРТИСТ

*ПРОМОТОР НА МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА МУЗИКА НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА

* ТУРНЕЈА НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

* НАЈДОБАР АЛТЕРНАТИВЕН ГОСТИН ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

*НАЈДОБАР АЛТЕРАНТИВЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

*НАЈДОБАР МУЗИЧКИ ФИЛМ ЗА ПЕРИОД ПОМЕЃУ МАН

nominacii pla

НАСКОРО ЌЕ ОБЈАВИМЕ НОМИНИРАНИ, НО НАЈВАЖНО Е ВИЕ ДА ГИ НАДОПОЛНИТЕ НОМИНАЦИИТЕ !!!

nominacii2

Пишувајте на нашите фан пејџови на ФЕЈЗБУК, Bla Bla TV и Bla Bla Televizija НОMИНИРАЈТЕ и помогнете во поддршката на МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА и очекувајте наскоро место на БЛА БЛА ТВ,  каде ќе може да гласате за вашите омилени артисти и бендови.

Конечната одлука за тоа кој ќе биде ДОБИТНИК на М.А.Н. НАГРАДА ќе ја имате ВИЕ по пат на он лајн гласање и ЖИРИ КОМИСИЈА составена минатогодишните наградени артисти, медиуми, продукции и институции.

Ние од Бла Бла Тв веќе интензивно се подготвуваме за овогодинешниот М.А.Н., одвај чекаме и се радуваме на ВТОРОТО ИЗДАНИЕ !!!

MAN 2 LOGO

Малку љубоморно ја чувавме целосната видео снимка од минатогодишните награди, ја пуштавме само во живо на програмата на Бла Бла ТВ( вечерва во 20:00 за последен пат ексклузивно само на www.blabla.mk , но еве од утре ќе ја закачиме на нашиот официјален youtube канал.

statuetka

Огромна благодарност за поддршката, до сите кои се приклучија на идејата, артистите,музичарите, уметниците, продукциите, студијата, медиумите,институциите, спонзорите и секако фановите и поддржувачите на МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА СЦЕНА.

 

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО