Nightwish ќе се вратат со одмазда во 2018 година

Во неодамна објавено интервј со пејачката на Nightwish, Флур Јансен, вели дека бендот планира во 2018 да издаде нов албум. “Не зборувавме многу околу албумот, бидејќи се работи за нешто посебно, што мислам дека навистина ќе им се допаѓа на фановите на бендот. Бендот ќе паузира во 2017 година, а во 2018 ќе се “вратат со одмазда“, вели Јансен.
Јансен, која официјално се приклучи на групата во 2013 година, ги демантираше шпекулациите дека по претстојната пауза ќе го напушта бендот. “И покрај тоа што ќе паузираме една година, тоа не значи дека имаме проблеми во бендот. Се надеваме дека по оваа пауза, луѓето се уште ќе бидат подеднакво возбудени да видат што ново подготвуваме за нив.“
Неодамна, на 04.11.2016, после едногодишна светска турнеја, Nightwish го овековечи својот албум “Endless Forms Most Beautiful” со ДВД наречено “Vehicle Of Spirit”.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО