Nord со најава за албум и ново видео

Nord е енергичен бенд од Риека, Хрватска, победникот на минатогодишниот Демофест. Новиот албум наречен “Play Restart“ (Geenger Records), кој ќе излезе на 21.04.2017, претставува т.н. нов почеток, со кој Nord изразува позитивен став кон животот и музиката. Пејачот Михаел Просен  и гитаристот Ведран Вучковиќ веќе можат да се сметаат за ветераните на хрватската рок и метал сцена, додека другите членови на бендот носат нови влијанија на звукот на бендот.
Моќ, непосредност и едноставност се елементите врз кои Nord ја гради својата музичка кариера. Влијанијата на бендот се протегаат од хард рок, гранџ, до поп и експерименталната музика.
Дизајнот на албумот е дизајниран и реализиран од страна на хрватскиот уметник Иво Матиќ.
SP 12'' LP Jacket 3mm Spine
Според режија и сценарио на Ира Томиќ и Џон Кардум, беше снимен и третиот спот на Nord за песната “Killing Me, Killing You“. Истата е дует, а на бендот им се приклучи познатата пејачка од Риека Ени Јуришиќ.
Самата идеја за видеото е инспирирана од текстот на Михаел за разделбата на две лица кои повеќе не можат да го најдат заедничкиот пат поради што мора да се одвојат за да не се уништат целосно.
Спотот е снимен во Риека, а ќе се пронајде на новиот албум “Play Restart“ (21 април) под покровителство на Geenger records.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО