ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2015

Вечерва во 19:30 часот, на терасата на хотел Аполонија, ќе биде отворена изложба и ќе бидат доделени награди на уметниците – учесници на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2015.

 

На изложбата ќе бидат изложени дела на уметниците кои учествуваа во овогодишната Програма за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН, одржана во хотел Аполонија од 7-18 септеври 2015. Тука учествуваа наградени уметници од манифестациите ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ 2014, ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2013/2014, како и гости и соработници на ОСТЕН.

2о-300x199

 

Добитници на овогодинешното ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2015 се следните уметници:

3о-300x199

 

1. Стоимен СТОИЛОВ – ГРАН ПРИ
(добитник на ПРВА НАГРАДА на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2013)
2. Венцеслав АНТОНОВ – ПОСЕБНО ГРАН ПРИ (за легат)
(добитник на НАГРАДА ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ 2014)
3. Владимир ГЕОРГИЕВСКИ –НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН
(добитник на Награда за ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ 2014 на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА)
4. Павле КУЗМАНОСКИ – НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН
(добитник на Награда УМЕТНИК НА ГОДИНАТА 2014 на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА)
5. Игор ЈОСИФОВ –НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН и НАГРАДА АПОЛОНИЈА
(добитник на Награда МЛАД УМЕТНИК НА ГОДИНАТА 2014 на ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА)
6. НевзатБејтули КИЦА – НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН (ОСТЕНОВ УМЕТНИК 2013)
7. Атанас АТАНАСОСКИ – НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН (ОСТЕНОВ УМЕТНИК 2014)
8. Гоце БОЖУРСКИ –ПОСЕБНА НАГРАДА(ОСТЕНОВ УМЕТНИК 2014)
9. Касиопеја НАУМОСКА –ПОСЕБНА НАГРАДА(ОСТЕНОВ УМЕТНИК 2014)
10. Гоце ИЛИЕВСКИ –ПОСЕБНА НАГРАДА(ОСТЕНОВ УМЕТНИК 2014)
11. Мице ЈАНКУЛОВСКИ – гостин на манифестацијата

 

4о-300x199

 

ОСТЕН БИЕНАЛЕТО НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ е дел од СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА ЦРТЕЖ, концепт-манифестација која се состои од меѓусебно поврзани манифестации:
ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ (се одржува во непарните години) – биенална меѓународна манифестација каде централен настан е Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН, изложба на делата продуцирани во рамките на Програмата и објавување на наградите. Тука учествуваат наградени уметници од ОСТЕН БИЕНАЛЕТО НА ЦРТЕЖ и ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА, а наградите се дефинираат со воспоставен систем на гласање на Амбасадорите на ОСТЕН.

5о-300x225

 

ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ (се одржува во парните години) – меѓународен биенален конкурс за цртеж и повеќе други категории од уметноста на хартија, каде централен настан е објавувањето на наградите и изложба на селектирани дела. На неа земаат учество уметници од цел свет, а селекцијата и изборот на награди го прави интернационално жири.

6о-300x225

 

ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА– годишна манифестација на која ‘ОСТЕН уметност на хартија’прогласува 12 македонски уметници за ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИна ГОДИНАТА. Тое се уметниците со кои ОСТЕН во претходната година има најмногу соработувано. Се покануваат уметницит од различни возрасни категории, разчлични стилови на уметничка продукција, од различни делови на Македонија, а меѓу 12-те уметници се доделуваат следните награди/признанија: НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО, УМЕТНИК НА ГОДИНАТА, МЛАД УМЕТНИК НА ГОДИНАТА.

Веќе традиционално, ОСТЕН БИЕНАЛЕТО НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ се одржува во соработка со Фондацијата АПОЛОНИЈА, Гевгелија.Делата кои ќе се продуцираат за време на престојот на уметниците во Македонија, како и делата од наградените автори на секое издание на манифестациитеОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ и ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА, ќе бидат дел од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж, прв ваков евидентиран музеј во светот. Документираната збирка со над 6000 уметнчки делаод околу 1700 автори од 70-тина земји во сетот е најголемото досегашно достигнување на ОСТЕН уметност на хартија.

Повеќе за ОСТЕН уметност на хартија
ОСТЕН е препознатлив бренд во областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво уште од 1945. Како голем љубител на уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела, преку Светската галерија на карикатури иСветската галерија на цртеж ОСТЕН ги презентира уметниците од светот. Потпирајќи се на традицијата градена со години, ОСТЕН продолжува да се надградува и унапредува, опстојувајќи во новото време и со новите предизвици.

Превземено од:

objektiv.mk

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО