Phi (Aus), Визија и КОЛТ @ Havana

Австриското прогресивно рок трио „Phi“ ќе ја започне својата европска турнеја во август промовирајќи го нивниот најнов албум „Now the Waves of Sound Remain” кој беше издаден од страна на „Gentle Art of Music“ минатата година. Бендот ќе настапи во Скопје на 24 август во Хавана заедно со бендовите „Визија“ и „Kolt“.

 

По нивното формирање во 2006 и постигнувањето првите видни успеси во 2008, Phi го издаваат албумот „Years Of Breathing“, кој добива одлични критики. Бендот има настапувано во Австрија, Гермнија, Швајцарија, Унгарија, Романија и Литванија. Во својот нов албум бендот кој потекнува од Баден создава звук кој е споредлив со оној на „Rush“, „Tool“ и „Porcupine Tree“.

За Визија и нивните успеси, веќе ви зборувавме.

КОлт се млад бенд од Скопје, формиран во јануари 2014-та од страна на гитаристот Томи Апостолов и басистот Никола Велевски – Ник. Бендот го добива името по американскиот пронаоѓач Семјуел Колт (Samuel Colt), но решаваат да вметнат К наместо Ц. Томи и Ник под влијание на музиката што ја слушаат, ги пишуваат сите песни. Во Јуни 2014-та на бендот му се придружуваат Златко Петровски како вокалист и Дејан Которчевиќ – Котор на тапани. Со тоа, Колт почнува да го снима својот прв албум кој ќе го наречат Еквилибриум и на него има 11 песни. Досега имаат настапено на Лузер фест, Рок фест, Земјотрес како и на Македонските алтернативни награди. Моментално работат на својот втор албум.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=MYskLMVvGkI

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО