Атмосферата на вториот ден од Пиволенд

И вториот ден како и првиот, не изостануваше со стандардната комбинација на добро пиво и добра музика. Фестивалскиот ден го започна бендот Фуснота. По нив следеа Кепурдат, кои настапија и на Бла Бла стејџот. Потоа се случи промоцијата на брендираните пива со македонски артисти. Фолтин, Суперхикс, Мугер Фугер и Гоце САФ се имињата кои ќе се најдат на новите шишиња Скопско. По тој повод, артистите направија одличен џем сешн. Публиката потоа се загреа со звуците на Мугер Фугер. Еден од ретките прилики да ги видиме Мугер Фугер на свирка, а да не е промоција. Сецко ни вети дека ова ќе се случува почесто. Фолтин направи одлична забава, а журката кулминираше на настапот на Суперхикс. Прекрасна беше глетката на огромен број млади луѓе дојдени да се забавуваат. Гоце САФ само го продолжи она што Хикси го започнаа, за на крајот Lemon Bucket Orkestra да ги „натера“ и најтврдокорните панкери и металци да пеат „Јовано Јованке“, „Фато мори душманке“ и слични песни. Но ниту Бла Бла стејџот не изостануваше од одлична програма. Улична Мисла и Zee Bomb и Шинтер ја започнаа вечерта со хип хоп, Кепурдат продолжи од главниот стејџ на Бла Бла стејџот и продолжи да растура. Потоа следуваше кавер бендот Плаг Ин кои ја раздвижија публиката со познати хитови. Од полноќ, до раните утрински часови, љубителите на трансот ги забавуваа Евгениос Саирдис и DJ Alonn.

Имаме и слики.

Повелете и денес. На програмата има одлични изведувачи, а Бла Бла шанкот посебни цени по повод 7 месеци постоење.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО