RAVE – Project: Drum & Bass во Дом на Млади (Штип)

RAVE е нов музички проект кој со помош на домашните DJи ќе прерасне во квалитетен фестивал за електронска музика.
Планирани се жанрови за кои владее недостиг кај Македонската публика, а ќе се ротираат на месечно ниво.

Project: Drum & Bass претставува првиот од серијалот настани што ќе продолжат интензивно и во наредниот период, а Штип ќе стане епицентарот и вашата редовна bass дестинација.

Ве очекуваме во Дом на Млади на квалитетен драменбејс, внимателно одбран од нашите и ваши:

– PESSIMAL (Скопје)
– KRONOM (Скопје)
– MINDSNATCHER (Скопје)
– ERIK-X8 (Штип)

Присуство и добро расположение се задолжителни 🙂

17807323_663132777206240_5179269817370408057_o

PESSIMAL е neuro / deep / dark драменбејс DJ и продуцент.
Предходно познат на публиката и како NULTABYTE, на Македонската драменбејс сцена е активен скоро десет години, со голем број локални настапи и неколку издадени нумери за познати продуцентски куќи во UK. Досега има пуштано во Капан Ан, The Club, Cafe BadaBoom, Bizar, Динамик, Club Papaya, Black Cotton, секако и надвор од Скопје – Лазарополе фестивал, RUN фестивал (Штип), Битола, Club Wire (Куманово), како и во Бугарија на најголемиот драменбејс фестивал на балканот – Broken Balkanz.
Pessimal има настапувано заедно со голем број локални и странски DJ-и:
DARKo STEPic, HyperTech, Tecktone, Hans SHC (Snah), Sergej Puk’Ka, HADE (Void), Ogie, Nerses (Random), GameOver, Anomalia Nativa, Blagorodna, Jungle Alien, Tiho.To, Miki, Drash (Bad Propaganda), DJ Vaso, Nikola Simonovski како и со:
L33 (BG), Disphonia (GR), Linden (UK), Seba (SW), Bitz (SRB), Codex (SRB)…

Има издадено неколку нумери за продуцентските куќи:
Connessione Recordings; Violation music; Rotation Deеp UK; Dirt, Lies & Audio Black.

Заедно со Tecktone се тимот позади радио емисијата NEURITMIX која пет години неуморно се вртеше низ етерот, посветени и виновни за многу музички настани и безброј извртени нумери.

Pessimal, Kronom и Mindsnatcher се драменбејс продуцентско трио под псевдонимот NEMESIS.


Членувајќи во 5k DJ Workshop, MINDSNATCHER доаѓа во контакт со плочата ,,No One Knows / To See The Stars’’ на Electrosoul System и инстантно се вљубува во Drum & Bass звукот, а воедно грамофони и целата таа уметност поврзана со нив.
По некоја година интензивно следење на dnb културата во Скопје, започнува и со продукција. Зад него гордо стои неговиот ремикс на С.А.Ф. – Фатаморгана кој му послужи како поттик за понатамошно продуцирање.
Влијанија: dBrigde, Seba, Phil Tangent, Big Bud, Electrosoul System, State of Mind, Noisia, Amoss, Kronom, како и многу други мајстори од разноликиот спектар на dnb музиката.
Досега има делено пулт со: Fluid, Darko Stepic, D. Lite, Pukka, Drash, Snah (Hans SHC), Оgie.

KRONOM започнува со продукција пред 8 години и зад себе има креирано голем број нумери, од драменбејс и дабстеп па се до техно.
Неговиот стил се карактеризира со минималистични и мрачни звуци, каде често експериментира со фузија на драменбејс и техно и доаѓа до фасцинирачки резултати.
Влијанија: Aphex Twin, Boards of Canada, Noisia , Photek, Nasty Habits, Om Unit.
Досега делел пулт со Darko Stepic.
Поддршка од Noisia, Amoss, Enei и др.
Labels: Proximity Recordings, Modular Carnage Recordings, BOEY Audio.


https://www.facebook.com/Kronombass

Erik-X8 е зависник од квалитетна електронска музика. Од 16- годишна возразст започнува да се занимава со DJ-ство во истиот период започнува да проучува повеќе електронски жанрови како Electro, Trance, Techno, Hard Core и Drum & Bass. Со свој DJ сетови има настапувано низ повеќе градови во Македонија како и на неколку фестивали меѓу кои и Аларам, Пиволенд, Космоделика.
Http://DJErik-X8.com/

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО