ROCK FEST 2018 МКЦ

Од 27-29.04 во МКЦ се одржа уште еден Рок Фест.

Во натпреварувачката вечер силите ги одмерија петте бендови: „Саундвејвс“ од Битола и скопските „Фикшн“, „Антарт“, „Конспираси“ и „Метаноја“.

Додека траеше пребројувањето на гласовите, на сцената свиреше групата „Гаргојлес“.

Скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“, е победникот на годинешново издание, а Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инстурменталист.

Покрај свирката, публиката имаше можност да го погледне и документарниот филм „Рокенролер борн лузер“, по сценарио и режија на Аљоша Симјановски, како и ретроспективната изложба на фотографии, која ќе биде отворена до крајот на фестивалот. Освен бендовите кои се натпреваруваа, се одржаа и концерти од ревијален карактер. На сцената настапија „Визија“ и „Стил темпл“ како и  „Резистанс“ од Грција и „Патријас“ од Србија.

В недела пак, свиреа три македонски бендови, „Морфеј“ од Куманово, како и скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.

 

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО