Scorpions ќе издаваат нов албум во 2018 година

Новиот тапанар на германската рок група, Scorpions, Мики Ди, на конференцијата, Hall Of Heavy Metal History, потврди дека бендот планира да издаде нов албум за една година, и дека ќе продолжат со светската турнеја.
Албумот би требало да излезе кон почетокот на 2018 година.
Бендот минатата година заврши со својата светска турнеја, со која го одбележа своето 50-годишно творештво. Ова ќе му биде првата студијска соработка на Мики Ди со бендот. Истиот го замени Џејмс Котак, кој поради алкохолизмот мораше да ја напушти групата, после што успешно го замени Ди, бившиот член на Motörhead, кој стана официјален член на Scorpions во септември.

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО