TriM – Биди човек

Биди човек е новата песна на TriM од Пулс екипа. Миксот и мастерингот се на самиот TriM, битот на Џоле. Снимано е во студиото Перспектива Рекордс 2015. Youtube каналот на Пулс екипа.

 

11657503_962938577069798_1772911817_n 11654104_962938677069788_2120489548_o

 

не верувам во никој па се плашам и од себеси
звукот на тишината е мотивот кој шепоти
ме претопи ова секојдневие во демон тип
па оставам во рацете на судбина да пресуди

и несакам да зборам ќе се препуштам на чувства
слепец сум одамна неам видено добра душа
осеќам ерозија во срцево од празнина
ехото во мозокот ме тера јас да заминам

имаш ли амајлија? мене ми е честа
имате ли живот? а што е живот незнам
свеста ми е будна но цел живот сонувам
сонот стана реалност па неможам да одолеам

лакомо се фрлив во играта на опстанок
па добив шамар овде како добредојде подарок
и несакав да мислам па прва грешка одма
тогаш сфатив некад нема шанса и по втор пат

се одлучив на начин себичен да бидам
но мнозината ми покажа дека така сум само сирак
видов права вредност па се поврзав со него
се поврзав со неа и уште неколку во редот

основав круг му дадов име слаба точка
понекогаш сум збеснат но ради нив молчам
па погледнав во секој видов очи полни немир
и секој од нив рече брате што е твое земи

грбот ми е заштитен ко капија од челик
сега крвта моја припаѓа на тие што им ветив
се изгорев еднаш се изгорев и втор пат
се навикнав и повеќе не чувствувам болка

сега јас сум огнот а пред мене задоволство
сакав да се одмаздам да видат малку horror
надвладеа агресија и пак и пак сум темен лик
чекај стој еден поглед еден миг

пред мене дете со толку чиста душа
пред мене пресврт и злото не го слушам
пред мене надеж пред мене спомен
се навратив на денот кога сакав да сум човек!

животот е подарок но изборот е твој
животот е игра па биди само свој
животот си ти но колку се познаваш
понекогаш е тешко но немој да се предаваш-Никогаш!

Категории
Промо Бустање
9 Коментари на постот

Напиши Одговор

*

*

ПОВРЗАНО