Велосипедска прошетка низ Прилепското Поле

 

Прилепското Поле, рамно, а опкружено со остри карпи. Тло за инспирација на некои од најголемите Македонски умови и уметници. Те повикува да појдеш на велосипед и да ја почувствуваш силата на Полето. И тоа токму на денот кога пред 74 години еден истрел означи почеток на ново време, на слобода за Македонија.

Сосем поиканва рута, сосем поинакво доживување.

Учество:
Котизација за учество е 450 денари, без превоз.
Учеството на деца до 14 години е бесплатно и може да учествуваат само во придружба од родител/старател.
Пријавувањето трае до 4 октомври 2015 година.
Кој рано рани, некој денари штеди: за тие што ќе се пријават до 22 септември учеството е 350 денари.
Организиран превоз од Скопје за лица со автобус и за велосипеди со камион е договорен и чини 600 денари по лице.
За лицата кои ќе учествуваат со велосипед Макс, во соработка од Агротехна е овозможена промоција од само 100 денари по учесник.

 

12019774_10204669675090644_7349403723048986552_n

 

ПРИЈАВА: http://mk.to4ak.com/images/files/PrijavaPrilepskoPole2015.doc

Зелена рута:
Патеката е соодветна за лица кои немаат големо искуство во возење велосипед, велосипедот го користат само за низ град, или пак за деца.
Должината е 32 км асфлат, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 184 м, при што најголемото искачување е само 50 м висинска разлика.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4153328.html

 

12015057_10153563741130256_1376528056525585206_o

 

Жолта рута:
Патеката е соодветна за лица со искуство во возење велосипед и сакаат малку подолги релации за да исусат повеќе од Прилепското Поле.
Должината е 50 км асфалт, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 278 м, при што најголемото искачување е 50 м висинска разлика.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4153327.html

Повеќе информации на: http://mk.to4ak.com/index.php/вести/418-велосипедска-прошетка-„културното-наследство-низ-прилепското-поле“,-2015

Категории
Промо Бустање

ПОВРЗАНО